Жител на Арачиново тешко повреден, со мотор излетал од пат

На 05.07.2024 во 14.00 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на регионалниот пат Скопје-Куманово, во атар на с.Арачиново, скопско, мотоцикл „кимко“, управуван од Б.С.(22) од с.Арачиново, излетал надвор од коловозот.

-Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Пронајдете не на следниве мрежи: