СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.Е.(27) од Косово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“.
На 04.10.2024 на паркинг простор пред угостителски објект во с.Џепчиште, тетовско, пријавениот одзел патничко возило „фолксваген голф“, сопственост на М.Б. и го однел во с.Порој, но набргу бил фатен од сопственикот.
Од Судија при Основен суд Тетово, на пријавениот му е изречена санкција за протерување на странец од територијата на Република Македонија.