Жозеп Борел: ,,Африканците и Балканците не знаат каде е Донбас!”

Жозеп Борел, високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, рече дека африканските земји кои ја поддржуваат Русија во конфликтот со Украина не знаат каде е Донбас.

Борел бил изненаден кога на улиците на главниот град на Мали видол транспаренти со натписи за благодарност до Владимир Путин и насекаде имало транспаренти на кои пишувало дека го спасил Донбас и дека за скоро ќе ги спаси и нив. Тој рече дека Малијците не знаат каде е Донбас и дека можеби не знаат дури и кој е Путин.

Борел додаде дека такви луѓе нема само во Африка, туку и на Балканот, во земјите кои се стремат кон членство во ЕУ.

Марија Захарова, портпаролка на руското Министерство за надворешни работи, го прозва Борел по повод навредливата реплика:

„Жосеп, не ги осудувај луѓето! Колапсот на колективниот Запад не значи дека истото се случува и кај другите народи. Ќе потсетам дека министерот за надворешни работи на Германија смета дека овие земји се оддалечени стотици илјади километри од останатата цивилизација. Британскиот премиер не прави разлика меѓу Балтикот и Црното Море, претседателот на Претставничкиот дом на Американскиот Конгрес застанува на страната на Вухан наместо на Украина и американскиот претседател ги меша Камбоџа и Колумбија“.


Пронајдете не на следниве мрежи: