Жртва на хакери: На Парис Хилтон украдени и се голи фотографии

Познатата светска старлета Парис Хилтон била жртва на хакерски напад, поради кој останала без над 100.000 долари и голем број нејзини голи фотографии.
Хакерката Пејтсар која била активна во периодот од 2015 до 2017 година, преку Интернет ги „ограбила“ Хилтон и уште две лица.
Таа ги хакирала банкарските сметки на старлетата и ги користела нејзините кредитни картички за да плати дочек на Нова година во 2015 година во холивудскиот хотел Рузвелт. Само за таа ноќ таа потрошила 40.000 долари од сметката на Парис.
Според наводите, хакерката украла голем број голи фотографии на Хилтон и нејзиното тогашно момче, меѓутоа не е познато што направила со нив.
Хакерката била уапсена минатата година. Ја признала вината за измамата со банкарските сметки и картичките, а казната ќе биде изречена во понеделник.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.