Нутриционистите откриле дека овој зачин помага при согорување на масните наслаги, а многу жени не можат да поверуваат колку брзо и лесно го изгубиле вишокот килограми.
Мускатното оревче го користиме за припрема на разни сосови, салати, чорби и слатки, а малкумина знаат колку овој зачин помага при диетата. Мускатното оревче е богато со влакна, а со тоа го намалува апетитот.
Исто така, експертите истакнуваат дека тоа е одлично за намалување на лошиот холестерол. Содржи и манган кој е делотворен во топењето на масните наслаги, а единствен недостаток на овој зачин се заситените масти, па затоа не треба да се консумира во големи количини.
Мускатното оревче може да го користите во диетата како додаток во овошните салати, а можете да го консумирате и во текот на појадокот со овесна каша, пецива или јајца.
Се препорачува да го користите во припрема на зеленчук како морков, компир, зелка, спанаќ или карфиол, а исто така нема да погрешите доколку ставите малку мускатно оревче во вашето утринско кафе или чај.