Забрана за тешки товарни возила на патот Струмица – Берово, расчистен патот Истебањи-Македонска Каменица

Забраната за движење на тешки товарни возила на патниот правец Струмица – Берово и натаму останува. Патниот правец Истебањи-Македонска Каменица, пак, е рачистен и сообраќајот се одвива нормално по двете коловозни ленти, соопшти АМСМ.

ДУИ: Албанците нема да бидат алатка на сценаријата на другите
По вчерашното срамно откритие, каде што изјавите на некои албански партии се покажаа дека се напишани во седиштата на македонските партии и потоа доставени за да се нападне ДУИ и нашиот …
КАКО НА ФИЛМ: Македонец бегајќи од косовската полиција се судрил па се открил голем шверц
Македонски државјанин бил уапсен од косовската полиција во близина на граничниот премин Генерал Јанковиќ/Блаце откако бегајќи со возилото предизвикал судар. Во неговото возило е пронајдена голема количина шверцувана стока – облека …

Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ потсетуваат дека од 15.11.2023 година во сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. 

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.