Забранет влез на патници од Западен Балкан во Унгарија поради КОРОНА ВИРУСОТ

Loading...

Забранет влез на патници од Западен Балкан во Унгарија поради КОРОНА ВИРУСОТ

Полека се стеснува кругот на држави во кои можеме да се движиме, поточно да влеземе.

Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Белорусија, Црна Гора и Украина се земјите кои спаѓаат во црвената зона и чии што државјани нема да смеат да влезат во Унгарија од вторник на полноќ.

„Ние треба да ја штитиме нашата безбедност, за да не ни се случи повторно влегување на вирусот од странство, нивото на новозаболени во земјава е во опаѓање и ние сакаме тој тренд да го задржиме,“ изјави Обран денеска на прес конференција.

Македонија, Албанија, Црна Гора и Украина, меѓу другите, се наоѓаат на „црвената“ унгарска листа. Србија, Бугарија, Романија, Русија, Шведска, Обединетото Кралство и Португалија се на „жолтата“ листа.

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...