Аргентина ја премина бројката од еден милион заразени со вирусот во понеделникот.
Ова ја направи петта земја во светот според бројот на заразени со оваа болест.
Аргентина ја надмина оваа бројка по брзото зголемување на бројот на новоинфицирани во последните неколку недели.
Во таа земја, во последните 24 часа се потврдени 12.982 нови случаи, што го зголеми вкупниот број на заразени на 1.002.662, објави Министерството за здравство, пренесува Танјуг.
Од последниот пресек 451 лице починале, пренесува Ројтерс.
– Бевме пример за земјата – рече д-р Карлос Гугелми, директор на регионалната болница Ушуаја, пренесува АП.
Според АП, лекарите морале да го зголемат четири пати бројот на легла за пациенти сокоронавирусот во текот на последниот месец. Најмалку 60 проценти од испитаниците се позитивни на вирусот корона.
Од почетокот на епидемијата, во Аргентина починале 26.716 лица.