Руски специјалци денеска во успешна акција во притворска единица во јужниот град Ростов, ликвидираа повеќе киднапери кои како заложници држеа двајца затворски чувари.
6-мината грабнувачи кои се затвореници под закана со нож ги држеа чуварите и бараа ослободување и автомобил за бегство. Затворениците се поврзани со руска келија на ткнр. Исламската држава, а биле притворени поради сомнеж за учество во активности на ИСИС на руска територија.
Тие објавија и видео порака со барањата по што се организираше акција за ослободување на заложниците. Десетици граѓани на Ростов и новинари од близина набљудуваа и снимаа видеа од акцијата.
На едно од видеата објавено на руски канали на Телеграм се слуша интензивен оган од внатрешноста на притворската единица во Ростов.
„Криминалците се елиминирани“, објави руската Федерална затворска служба во соопштението кое го пренесе новинската агенција Интерфакс.
„Вработените кои беа држени како заложници се ослободени. Тие не се повредени“, соопштија од затворската служба.
Полесно повредени се тројца учесници во полициската акција, додека затворениците се совладани и ликвидирани.
🇷🇺 Special forces eliminated all six terrorists in Rostov pre-trial detention center-1 who took hostages.
– Three security officials were injured as a result of hostage-taking in pre-trial detention center-1. All of them are not in serious condition. One of the victims was… pic.twitter.com/IAemMBFK5B
— Lord Bebo (@MyLordBebo) June 16, 2024