ЗАВРШИ ОБДУКЦИЈАТА НА СЛАВНИОТ АКТЕР: Од овие детали ќе ве полазат морници уште рано по сабајле – еве што е пронајдено до џакузито каде што се удавил

Познатиот актер Метју Пери, кој се прослави со улогата на Чендлер Бинг во серијата „Пријатели“, почина на 54-годишна возраст.


Како што пренесуваат американските медиуми, актерот се удавил во џакузито на својот дом во Лос Анџелес, а кога пристигнала брзата помош можеле само да констатираат смрт.

Обдукцијата е завршена, сега се чекаат резултатите од токсиколошките тестови кои може да потраат неколку недели.

Причината за смртта беше наведена како „одложена“ во очекување на понатамошна истрага и токсиколошки резултати.

Да потсетиме, кога полицијата извршила истрага, во домот на Пери не нашла дрога, туку биле пронајдени разни антидепресиви.

Истрагата за прераната смрт на легендарниот Чендлер се уште трае, а Дејли Мејл пишува дека телото на актерот е предадено на семејството за да се подготви за погребот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.