Бројот на лица заразени со коронавирусот во Франција е зголемен за 6.544 во последните 24 часа, на 335.524, додека други 39 пациенти починале како резултат на Ковид-19, вкупно 30.764 од почетокот на пандемијата.
Францускиот министер за здравство Оливие Веран изјави денеска дека епидемиолошката состојба е загрижувачка, но тој верува дека може да се избегне уште еден голем бран на инфекции, објави Ројтерс, а пренесува Танјуг.
Тој за Радио Интер рече дека стапката на репродукција на вирусот е 1,2, што е помалку од 3,2-3,4, колку што е забележано на пролет.
Ова значи дека вирусот се пренесува побавно, но дека продолжува да циркулира, што е загрижувачки, истакна Веран.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.