Заев врши притисок врз Врховниот суд и се заканува дека ќе ја бутне Владата на Таче!

Вистинска драма се случувала во изминатите неколку дена во СДСМ. Причина за несогласувањата во владеачкиот табор бил токму поранешниот лидер на СДСМ, Зоран Заев кој прави се во овој период да продолжи прогонот против екс-премиерот Никола Груевски и неговите некогашни соработници.

Кадри блиски до СДСМ поточно до Зоран Заев се позиционирани во високите судски инстанци од кои најмалку четири се избрани за апелациони судии минатата недела. Неговото замешателство во македонските правосудни органи го достигнува врвот и очигледно тој успеа да го отвори македонското правосудство како пупка, како што и самиот тврдеше. Својата контрола врз македонските правосудни органи, Заев ја злоупотребува за да се заштити самиот себе си и своите соработници како на пример учесниците во случаите „Онкологија“ и „Тетовската болница“, своите кумашини Драги Рашковси и Мухамед Зеќири, но и да продолжи политичкиот прогон против политичките неистомисленици.

Очигледно е дека Димитар Ковачевски нема никаква намера да ја продолжи личната вендета на Зоран Заев против Никола Груевски и малку поинаку ја гледа иднината на државата и македонското правосудство. Од оваа причина како што дознава Инфомакс, Заев директно и лично му се заканил на Ковачевски со уривање на Владата на СДСМ ако запре политичкиот прогон против Никола Груевски и неговите соработници.

Како што дознаваме во моментов се вршат огромни притисоци врз Врховниот суд од страна на политичари на чело со Зоран Заев, но и бизнисмени кои и претходно имаа идеја за рушење на Владата на Ковачевски, судот да одлучи спротивно на Законот, Уставот и европската регулатива и амнестијата која ја даде Ѓорѓе Иванов да не важи иако никако истата не може да биде повлечена.

Токму посетата на американската амбасадорка Анџела Агелер на Врховниот суд не беше ниту редовна нити вообичаена туку одговор на вонреден апел за помош од дел од судиите во судот кој е крајна инстанца за судските процеси во Македонија.

Оваа посета се случила на барање на судии кои се под жесток притисок од Зоран Заев и бизнисмени блиски до него.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.