Заев и Касами ќе разговараат за заеднички претседателски кандидат

Денес во 13:30 часот во Клубот на пратениците премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев ќе се сретне со претседателот на движењето Беса, Билал Касами. Повод за средбата е можноста за изнаоѓање заеднички кандидат за престојните претседателски избори.
Премиерот вчера требаше да се сретне со лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села, но Села ја откажа средбата во знак на револт од одземањето на ингеренциите во образованието на гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари. Заев вчера изјави дека остава простор за натамошна комуникација и, како што рече, го разбира револтот, но законите мора да се спроведуваат.
Премиерот и претседател на СДСМ завчера имаше средба со лидерите на “Алтернатива” Африм Гаши и на ДПА Мендух Тачи, а ден претходно со претседателот на ДУИ, Али Ахмети.
Начелно сите дадоа согласност да се направи обид да се најде заеднички кандидат за претседател на државата, прифатлив за граѓаните од сите етнички заедници и социјални слоеви, личност која ќе ја одразува идејата: едно општество за сите. /МИА

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.