Заев и одговори на Мизрахи: Бугарија била окупатор, но прашањата ви се лични

Loading...

Премиерот Зорен Заев одговори на прашање на пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизрахи која од собраниска говорница го повика да се изјасни дали се уште стои на изјавата дека Бугарија била „администратор“ во Македонија за време на Втората свестска војна.

Премиерот Заев ѝ одговори дека тој е Македонец кој говори на македонски јазик, а дека нејзините прашања се исполнување на личен интерес.

„Бугарија не била администратор во Македонија, Бугарија била окупатор заради одлуката на тогашната администрација и власт во Бугарија којашто денеска не ни дава за право да негуваме непријателски чувства кон целиот бугарски народ и целата држава“, порача Заев.

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...