Заев-Касами, од денешната средба-пријателска атмосфера

За денес закажаната средба помеѓу премиерот Зоран Заев и Билал Касами од “Беса“ се оствари. Информацијата е дека разговарале во пријателска атмосфера, но и дека ќе има средба на работна група до вторник за дефинирање на конечните позиции. Предлозите на Касами детално ќе се разгледаат затоа што Заев сака да обезбеди гласови за двотретинско мнозинство за уставните промени.
-На средбата е договорено да се одржи уште еден состанок најдоцна до вторник, на работна група составена од претставник од Кабинетот на Претседателот на Владата на Република Македонија, како овластен предлагач на уставните амандмани и на уставниот закон, и претставници од раководството и пратениците од “Беса” на господинот Касами, за да се разгледаат детално предлозите и да се дефинираат конечните позиции.
Значи како што кажавме, а и цитиравме, а за деталите од таа средба ќе почекате, најверојатно до вторник.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.