Заев одвои околу 30.000 евра за сервисирање на Мерцедесот, ја заборави набавката на амбулантни возила!

СЈО доби ослободителна пресуда за наводното фаворизирање на сервисерот на Мерцедесот, а сега Мак Аутостар е единствениот што ги исполни условите на СОЗР.
Мерцедесот со кој Заев собираше политички поени и со кој долг период ја манипулираше јавноста, стана дел и од неговата политичка кампања. Обвинението поднесено од СЈО, падна во вода и се докажа дека и нивното дејствување во овој случај беше гола политика, а не барање на правда.
Како и во многу други случаи, Заев и на оваа тема избра да го злоупотреби секторот здравство кој им е најважен на граѓаните, со ветувања, кои не планира да ги исполни.


-Ќе го вратиме тенкот, Мерцедесот на Груевски од 600.000 евра и со парите од неговата сегашна вредност ќе набавиме амбулантни возила за клиниките во Македонија. Нека биде ова симбол на новото време во кое ставаме крај на расипничкото трошење и воведуваме социјални политики, согласно потребите на граѓаните, истакна заев на еден од партиските митинзи во предизборието.
Но, како и со многу други, така се докажа дека и овој адут на Заев е класична лага.
Мерцедесот одеднаш му стана поважен од грижата за граѓаните со која толку многу се “расфрлаше“ додека не ги натера граѓаните да гласаат за СДСМ. Сега Заев ја заборави набавката на амбулантни возила, па и грижата за здравството ја фрли во последен план.
30.000 евра за сервисирање, единствената понуда претставена како најповолна!
Премиерот Заев одвојува од парите на граѓаните 30.000 евра за да го сервизира возилото со кое, очигледно, не планира да се збогува. Од договорот, може да се утврди дека за оваа намена е добиена само една понуда, онаа од Мак Аутостар, која и го добива тендерот.


Ќе го сервисираат Мерцедесот за сума од околу 30.000 евра.
„Тенк“ побиен со докази, фаворизирање на сервисерот немало!
Во обвинението поднесено од СЈО, беше наведено дека„во услови на намалена економска и куповна моќ на Министерството, било постапено спротивно на Законот за јавните набавки“ и била фаворизирана една фирма со тоа што во тендерската документација биле наведени повеќе технички спецификации кои упатуваат на конкретно производство и трговски марки, односно на конкретен тип на автомобил.

Погледнете дел од обвинението и делот од пресудата:


Граѓаните ќе платат за сервисирање на возилото кое Заев многу пати им вети дека ќе го продаде, а за амбулантни возила ќе почекаат. Сите оние кои поверуваа дека Заев со парите од Мерцедесот ќе помага за условите во здравството, веруваа на чисти лаги.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.