– Нашите очекувања се дека на почетокот на декември во Лондон на НАТО Самитот ќе имаме полноправно членство, изјави македонскиот премиер Зоран Заев пред црногорски и стопанственици од нашата земја.
Премиерот учествува на дводневниот Бизнис-форум во Подгорица, организиран од стопанските комори на двете земји.
– Членството во НАТО, знаете вие во Црна Гора, а ние веќе во Северна Македонија чувствуваме носи економија и траен мир, стабилност и сигурност и безбедност, нешто што е важно за сите бизнисмени како минимум услов за развој на бизнисот. Во такви околности, како земја кандидат, со испорачана покана и 13 ратификации ние во нашата земја почнавме да ги кршиме сите економски рекорди од независноста досега, додаде премиерот Заев.