Шега или повторно весела математика, во Македонија годината има три полугодија.
По рекордно црната прогноза на ММФ, според коjа Македонија оваа година ќе ја заврши со раст од само 1,6 отсто (иако по потпишувањето на Преспанскиот договор се тврдеше дека ја придвижил економијата), со изјава се јави и премиерот Заев кој рече дека очекува раст на економијата во третото полугодие, по растот во второ полугодие. Кога е тоа трето полугодие – не објасни.
Така, по доаѓањето на „животот“ станавме единствена земја на светот која наместо две полугодија има три. Другите земји имаат по две полугодија, по три третини, по четири квартали итн.