ЗАКАНАТА НА УНГАРИЈА ВРОДИ СО ПЛОД Бугарија ја укина дополнителната такса на руски гас

Бугарскиот парламент денеска донесе одлука за укинување на дополнителниот данок на рускиот гас и ограничувањата за руската нафта.

Мицкоски следниот месец ќе се сретне со Еди Рама
Првиот вицепремиер Изет Меџити, изјави дека за следниот месец е договорена средба помеѓу премиерот Христијан Мицкоски и албанскиот премиер Еди Рама. Меџити не прецизираше каде ќе се одржи средбата. Ова ќе биде прва официјална …
Вархеји: Местото на Србија е во ЕУ
Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји изјави дека Европската недела на можности, која започна денеска во Белград, е симбол на долгогодишното партнерство меѓу Европската унија и Србија и дека го покажува целиот опсег на …

Според бугарските медиуми, и покрај прекините, поради противењето на опозицијата, со гласање беше укината дополнителната такса за транспорт на руски гас преку Бугарија и беше прифатен амандманот со кој се забрзува укинувањето на ограничувањата за увоз на руска нафта, од што примарно е во корист на рафинеријата „Лукоил Нефтохим“.

Дополнителниот данок на рускиот гас е укинат откако Унгарија објави дека ќе стави вето на влезот на Бугарија во Шенген зоната.

Бугарија на 13 октомври воведе такса за транзит на рускиот гас низ нејзина територија во висина од 10 евра за мегават час, од која очекуваше годишен приход од 1,2 до 1,5 милијарди евра.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.