Непознат човек влегол во Соборниот храм во Ниш и оставил заканувачки писмо во кое пишува дека ќе ги убие сите свештеници со експлозив. Тој според српските медиуми бил забележан на 7 мај од безбедносна камера на црквата, а видеото веќе кружи на социјалните мрежи.
Како што стои во описот на видеото, непознат маж со долга коса и ранец на грбот ја искористил приликата за време на крштевањето и влегол во олтарот каде оставил заканувачко писмо дека ќе ги убие сите свештеници со експлозив.
Од полицијата во Ниш велат дека овој случај бил пријавен во понеделникот и дека истрагата е во тек.
Инаку денеска судот во Белград му одреди притвор на 53-годишен белграѓанец, со иницијали Л.Н. поради заканите што ги упатувал на работното место: „Нема да лаам, туку ќе направам масакр овде и тоа поголем од оној во Младеновац“.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.