Законот за јазици стапува на сила – еве колкава е казната доколку не се почитува

Законот за употреба на јазиците кои минатата година се изгласа од владејачкото мнозинство на СДСМ, денес веќе е објавен во Службениот весник на Република Македонија, со што Македонија станува двојазична држава, а притоа освен македонскиот и албанскиот јазик е службен јазик на цела територија.
Закон има 25 членови кои ја регулираат употребата на јазикот. Покрај македонскиот, и албанскиот јазик станува службен јазик на целата територија. Двојазичноста ќе се применува во сите државни институции, јавни претпријатија, агенции, дирекции, установи и организации, комисии и правни лица што вршат јавни овластувања.
Албанскиот јазик ќе се применува во Собранието, Владата, Уставниот суд, народниот правобранител, во изборниот процес, образованието, здравството, културата, радиодифузната дејност, матичната евиденција, личните документи, финансиите, економијата.
Македонскиот и албанскиот јазик ќе се применуваат во судските, извршните, предистражни и истражни постапки, кривични и прекршочни, парнични и вонпарнични како и во другите постапки пред судовите и јавните обвинителства.
Доколку органите не ги почитуваат одредбите од законот ќе се соочат со глоба во износ од 4.000 до 5.000 евра, а службеното лице ќе плати 30% од одмерената казна.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.