Во 2024 година започна Третата светска војна, бидејќи сега Украина на бојното поле се справува не само со Русија, туку и со Северна Кореја, а на Русија и помагаат Кина и Иран. Ова го изјави поранешниот врховен командант на вооружените сили на Украина, а сега амбасадор на Киев во Лондон Валериј Залужни, објавија светските медиуми.
„Верувам дека во 2024 година можеме апсолутно да претпоставиме дека Третата светска војна започна. Затоа што во 2024 година Украина повеќе не е соочена со Русија. Војници од Северна Кореја стојат пред Украина. Да бидеме искрени. Веќе иранските „Шахеди“ убиваат цивили во Украина сосема отворено, без двоумење.