Замената на пасошите со новото име на државата ќе биде на товар на граѓаните

Во однос на тоа дали трошоците за промена на личните документи и таблиците на возилата ќе паднат на товар на граѓаните или државата ќе одвои средства за оваа намена, владиниот портпарол Миле Бошњаковски истакна дека замената на пасошите ќе биде редовна и тоа ќе биде на товар на граѓаните.


-Замената на пасошите ќе биде редовна. Редовната замена на сите останува редовна како и досега. Нема да важат пасошите што се издаваат десет години, туку рокот ќе биде пет години од моментот на отворање на поглавјата и тој трошок ќе биде на товар на граѓаните затоа што ќе биде редовен трошок, рече Бошњаковски.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.