Запомнете ја: Моќна лекција која татко пред смртта му ја даде на својот син

Loading...

Таткото му кажал на својот син пред неговата смрт:
“Ова е часовник на дедо ти и тој е стар повеќе од 200 години. Но, пред да ти го дадам, оди кај часовничар во првото село и кажи му дека сакаш да го продадеш, па погледни која му е цената.”
Синот заминал, а потоа се вратил кај татко му и му рекол:“Часовничарот дава 5 долари затоа што овој часовник е стар.”
Татко му му рекол:
“Оди сега во продавницата за антиквитети!”
Тој отишол, а потоа се вратил и му рекол на татко му:
“Тие нудат 5.000 $.”
Татко му му рекол:
“Сега оди во музејот и таму понуди го часовникот за продажба.”
Синот отишол, а потоа се вратил кај татко му и му рекол:
“Во музејот донесоа експерт кој ја процени вредноста на овој часовник. Ми понудија 1.000.000 долари за него.”
Тогаш таткото рекол:
СИНЕ МОЈ,
САКАВ ДА ТЕ НАУЧАМ ДЕКА САМО ВИСТИНСКОТО МЕСТО И ВИСТИНСКИТЕ ЛУЃЕ МОЖАТ АВТЕНТИЧНО ДА ЈА ВРЕДНУВААТ ТВОЈАТА ВРЕДНОСТ.
ЗАТОА, НЕ СЕ ПОСТАВУВАЈ СЕБЕ НА ПОГРЕШНО МЕСТО ОТИ ТОГАШ ЌЕ БИДЕШ РАЗОЧАРАН АКО НЕ ТЕ ЦЕНАТ И ВИСТИНСКИ ВРЕДНУВААТ, БИДЕЈЌИ,
ОНОЈ КОЈ ЈА ЗНАЕ ТВОЈАТА ВРЕДНОСТ, ТОЈ ЌЕ ТЕ ПОЧИТУВА.
И … НЕ ОСТАНУВАЈ ВО МЕСТО КОЕ НЕ ТИ ДОЛИКУВА НА ТВОЈАТА ВРЕДНОСТ!”

loading...