Украинската армија денеска соопшти дека погодила големо руско складиште за оружје во областа Брјанск, лоцирано на повеќе од 110 километри од границата со Украина.Ројтерс пренесува дека Генералштабот на украинската армија соопштил дека по нападот следеле 12 секундарни експлозии и детонации во областа.– Ќе продолжи уништувањето на складишта за муниција на армијата на руските окупатори за да се запре вооружената агресија на Руската Федерација против Украина – се наведува во соопштението на Генералштабот во Киев на Телеграма.Рускиот независен медиум Медуза го пренесува сајтот РБЦ Украина, кој, повикувајќи се на извори од украинските вооружени сили, објави дека ова е прв напад на руска територија извршен со американски балистички ракети АТАСМЅ.Според овој извор, нападнат е воен објект во близина на рускиот град Карачев во областа Брјанск.
The 67th GRAU Arsenal in Karachev, Bryansk region, was struck. Large secondary explosions can be seen and heard.This site was on October 9 already target of Ukrainian UAVs which caused the destruction of at least two major warehouses. pic.twitter.com/e1v6Df4hIN— (((Tendar))) (@Tendar) November 19, 2024
– Беше успешен обид – рекол изворот на украинските медиуми.
Last night, the AFU conducted an ATACMS strike on the Russian 1046th Logistics Center, 67th GRAU Arsenal, #Karachev, #Bryansk Oblast, Russia, 115-km from UA border @ 53.144499, 34.952172. 12 secondary explosions and a massive detonation were recorded.So “no response” on the use… pic.twitter.com/fnRVe2Y2Nn— OSINT (Uri Kikaski) 🇺🇸 🇨🇦 🇬🇧 🇺🇦 🇮🇱 (@UKikaski) November 19, 2024
Се наведува дека Карачев се наоѓа на 130 километри од украинската граница.
Russian media report an attack on a Russian ammunitions depot in Karachev, Bryansk region of Russia. Multiple detonations were heard at the 67th GRAU arsenal, where ammunition and military equipment are stored. This depot has already been under attack in October. pic.twitter.com/so3M4UWBuh— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) November 19, 2024