Започнува нокаут фазата во ЛШ

Loading...

Со натпреварите помеѓу Селтик и Јувентус, односно Валенсија и Пари Сен Жермен ќе стартува осмина финалната фаза во Лигата на шампиони.
Лидерот во шкотскиот шампионат, Селтик, со пласманот меѓу најдобрите 16 екипи, го повтори успехот од 2007 и 2008 година, а прашање е дали е ова крајниот дострел на екипата која ја предводи Нил Ленон. „Немаме што да загубиме. Реално се може да се случи во овие две средби. Нормално е дека Јувентус е фаворит, играчите се свесни што ги очекува“, изјави менаџерот на Селтик. Инаку, Ленон и неговиот помошник Јохан Мјелби беа актери на двете „луди“ средби во ЛШ, кои двата тима ги одиграа пред 11 години, тогаш во Глазгов Селтик победи со 4:3, а во Торино Јувентус се радуваше на победа од 3:2. Селтик, сезонава игра добро во шампионската лига, заврши втор во групата во која беа Барселона, Бенфика и Спартак Москва. Шкотскиот тим надежите ги полага и во традицијата, последен пат некоја италијанска екипа забележала победа на „Селтик Парк“ далечната 1969 година, тогаш Милан се радувал на минимална победа. Јувентус е екипа која последните две години во континуитет игра добро, во европските купови нема пораз уште од 18.март 2010 година, кога во Лондон, загуби од Фулам со 4:1. „Старата дама“ на европската титула чека 17 години, а тренерот Антонио Конте верува дека оваа сезона неговиот тим може да стигне до самиот крај. Јувентус на оваа средба ќе биде посилен за Николас Ањелка, кој најверојатно ќе дебитира за новиот тим. „Селтик нема што да загуби и сигурно е дека скапо ќе ја продаде својата кожа. Во Глазгов не очекува исклучително тежок меч“, изјави Анелка. Целосна неизвесност ќе владее на дуелот помеѓу Валенсија и ПСЖ, екипи кои никогаш не играле меѓу себе. Валенсија, која не блеска во домашниот шампионат, сите надежи ги полага во традицијата, имено, „љиљаците“, во европските купови, на домашен терен имаат одиграно осум натпревари против француски екипи и без примен гол победиле на сите натпревари. „Не треба да се трошат зборови за квалитетите на ПСЖ. Тоа е тим составен од фантастични индивидуалци. Сепак и тие како и секоја екипа имаат одредени недостатоци, кои ќе се обидеме да ги искористиме. Сакаме на првиот меч да забележиме добра резултат“, изјави тренерот на Валенсија, Ернесто Валверде. ПСЖ, е лидер во француското првенство, Златан Ибрахимовиќ игра фантастична сезона, на 21 натпревар шведскиот ас има постигнато исто толку голови. Навивачите на овој клуб, очекуваат тимот да го повтори успехот од сезоната 1994/1995 кога предводен од Жинола и Веа стигна до полуфиналето на ЛШ. Тимот на богатите катарски сопственици има позитивен биланс со шпанските тимови (осум победи, пет порази, три нерешени), минатата сезона во ЛЕ, го совладаа Атлетик Билбао.„Тие се одличен тим. На „Местаља“ не и е лесно на ниту една екипа. Сепак ние ќе се обидеме уште на првиот меч да забележиме позитивен резултат“, рече тренерот на ПСЖ, Карло Анчелоти. Натпреварите на „Селтик Парк“ и „Местаља“ ќе започнат во 20:45 часот.
Макфакс
 
 
 Со натпреварите помеѓу Селтик и Јувентус, односно Валенсија и Пари Сен Жермен ќе стар

loading...