Затвореникот Станимир Б.(74), кој во Падинска Скела издржувал 30-дневна затворска казна поради фрлање петарди, починал по неколкудневна тортура што ја издржал во затвор. Според последните информации коишто ги објавија регионалните медиуми тој бил силуван од останатите затвореници со рачка од метла. Грозоморните детали од убиството што се случило во затворот, ја шокираа јавноста во Србија и регионот.
И додека надлежните ги истражуваат сите околности на овој случај, медиумите во Србија го поставуваат прашањето како вработените во затворот не забележале што се случува внатре, како и фактот дека еден затвореник со денови страшно се малтретирал и злоставувал, а никој ништо не слушнал ниту дознал.
Станимир починал на 4 февруари годинава во затворот во Падинска скела, како последица на повеќедневно мачење, тепање и силување со рачка од метла. За страшниот случај се осомничени цимерите на починатиот Среќко С.(20), Саша С.(21) и Далибор П.(21), кои на 14 март биле на распит во обвинителството.
Еден од осомниченитебранеше со молчење, а другите двајца осомничени ја дале својата одбрана.
Резултатите од обдукцијата, како што соопштуваат од Вишото јавно обвинителство во Белград, покажале дека починатиот затвореник се здобил со тешки повреди на внатрешните органи со рачка од метла и дека имал внатрешно крварење, поради што им подлегнал на повредите.
„Сомнежите се дека тие во просторијата каде што престојувале заедно С.Б. секојдневно го малтретирале психички, физички и сексуално, бидејќи останал без пари за да купи намирници за осомничените во затворската менза.
„Секој ден му удирале шлаканици, го тепале со нозете и рацете во пределот на главата и телото, а во една прилика Далибор П, како што се сомнева, го удирал со колено по телото и ребрата, додека во друга прилика сексуално го злоставувал со рачка од метла“, се вели во соопштението на обвинителството.
Несреќниот човек се обидувал да го пријави случајот, а напаѓачите потоа примениле ужасни методи на злоупотреба за да го замолчат.
Според Вишото јавно обвинителство во Белград, осомничениот Саша С. наводно го терал да ја испие урината од шолја за кафе, додека Среќко С. со крпа му го извадил јазикот од устата за да го спречи да се пожали на командантите за злоупотребата и понижувањето што го трпи.