Зачестени инфекции на дишните патишта и нормална стапка на разболување кај децата
Инфекциите на дишните патишта спаѓаат во најчести болести на детството. Од зачестени инфекции на дишните патишта се разболуваат 6-10% од децата до 6 годишна возраст. Познати се два периоди во кои појавата на инфекции е најголема:
старост на детето од 6 до 12 месеци – детето ги потрошило заштитните антитела кои ги добило од мајката пред раѓање, а свои сеуште не развило потполно,
прв контакт на детето со група деца (градинка, училиште) – висок степен на изложеност на различни заразни болести заради другите деца во групата.
Децата до својата петта година најмногу се разболуваат од вирусни инфекции. По поаѓањето во училиште преовладуваат бактериски инфекции.
Зачестени инфекции на дишните патишта во пракса се многу чести. Тоа се првенствено инфекции на горните дишни патишта (назални и параназални синуси, средно уво, крајници и грло), додека од инфекции на долните дишни патишта заболуваат од 10-30% од децата.
Зачестени но благи инфекции – посебно инфекции на горните дишни патишта (на пр. обична настинка) – во детството се многу чести и кај повеќето деца не е потребен дополнителен лекарски
преглед.
Физиолошка фаза на заболување кај децата
Мали деца (од 1 до 5 години)
6 – 8 епизоди на инфекции на дишните патишта со благ тек, добра реакција на класично лечење во есенските и зимските месеци.
Постари деца (од 6 до 12 години)
2 – 4 епизоди на инфекции на дишните патишта со благ тек, добра реакција на класично лечење во есенските и зимските месеци.
Како можеме да влијаеме на имунолошкиот систем во детството?
Денес можеме на повеќе начини да влијаеме на подобрување на имунолошкиот систем во детството. Станува збор за активни состојки кои делуваат на детскиот имунолошки систем на различни нивоа. Тоа се производи кои се достапни без рецепт, а кои се добиваат со препорака на лекар. Многу од нив имаат докажано влијание на имунолошкиот систем на детето.
Бактериски имуномодулатори: Тоа се материи со бактериски состојки кои се најчести предизвикувачи на инфекции на дишните патишта. Овие лекови често се употребуваат за лечење на зачестени инфекции на дишните патишта, но не можат да се препорачаат кај сите деца кои се склони на инфекции. Можат да се добијат само на рецепт, а нивната употреба е заснована на препорака на специјалист по извршен детален преглед.
Биолошки активни полисахариди (бета-глукани): Тоа се групи на многу ефикасни природн
и материи кои се структурни елементи на ѕидовите на клетките кај некои растенија и печурки. Во цревата делуваат локално, ги активираат клетките на имунолошкиот систем и ја поттикнуваат неговата работа.
Производи врз база на ехинацеа: Овие производи се земаат пред се кај акутни инфекции, бидејќи нивниот превентивен ефект кај чести инфекции е ограничен. Не се препорачува долготрајна употреба на овие производи.
Колострум: Со оглед на тоа дека е со разновиден и драгоцен состав, колострумот е незаменлив животен сопатник за раст, виталност и здравје. Содржи имунолошки фактори и фактори за раст, аминокиселини, минерали и витамини.
Минерали (особено цинк и селен): Цинкот и селенот докажано влијаат на оптимална работа на имунолошкиот систем.
Витамини (А, Ц и Е): Витаминот Ц има важна улога во лечење на акутни и зачестени инфекции на дишните патишта. Синергискиот ефект на Витаминот Ц и глуканот, го јакнат имунолошкиот систем.
Најважно од се е здравата храна, добриот сон и физичката активност.
Здравата храна вклучува свежо овошје, зеленчук, интегрални житарици и месо. Исто така под здрава храна се подразбира свежо исцеден сок од овошје или зеленчук, ако детето не јаде доволно. Балансирајте ги оброците со здрави закуски како што се јогурт, грозје или интегрални житарици со суво овошје. Избегнувајте масна храна и храна богата со шеќер, која може да доведе до осиромашување на имунолошкиот систем. Не дозволувајте детето да јаде се и сешто, бидејќи храната може да предизвика алергиска реакција.
Инсистирајте детето да спие најмалку 8 часа и повеќе. Изгаснете ги ноќните светла и другите светилки кои можат да ја нарушат деликатната рамнотежа на нивото на серотонин. За да се постигнат придобивките од ноќ помината во сон, во собата мора да биде темно, тивко и удобно.
Имунолошкиот систем бара физичка активност и вежби кои ќе му помогнат на телото да остане здраво.