Со цел уште поголема заштита од ширењето на коронавирусот, Владата денеска донесе одлука за дополнителна рестрикција на движењето на населението за време на викенд.
Како што објави техничкиот министер, Оливер Спасовски, на „Фејсбук“, за време на викенд (сабота и недела) се забранува движењето на сите граѓани од 16 до 5 часот.
Како што посочува Спасовски, оваа мерка ќе важи заедно со сите други претходно донесени забрани.
Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во земјата изнесува 177 лица, од кои еден е излекуван, но досега има и три смртни случаи.