За време на секс овој детаљ ќе ви открие дали партнерот ве изневерува

Гласините, фотографиите или секс видеата и на тоа сличните материјали не се единствениот начин да откриете дали партнерот ве изневерува. Имено, едно американско истражување вели дека силината на стенкањето за време на секс може да ви открие дали партнерот ве изневерува или не.
Студијата е спроведена на илјада жени и мажи, а околу 60% од жените и 70% од мажите признале дека биле погласни кога биле со љубовниците отколку со своите партнери, при тоа истакнувајќи дека поради грижата на совест биле потивки од вообичаеното при секс со своите партнери.
Исто така, скоро 90% од жените изјавиле дека се погласни од своите партнери во секоја комбинација.
Инаку, силината на стенкањето за време на секс може многу да влијае на нивото на задоволство и квалитет на самиот сексуален однос, а докажано е дека гласното стенкање поттикнува повозбудливо и постраствено водење љубов.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.