За денот на РЕПУБЛИКАТА гордо се вееше грчкото знаме во Карпош

Навистина е мизерно и приземно да се прави ваква провокација на денот на републиката, но како што ќе можете да видите од овие ексклзивно наши фотографии и повеќе од можно е. Имено на плоштадот во Карпош кај кафулињата Ли и Капри денеска имавме презентација на Грчкото знаме. Знаменосците беа мошне горди и лабави. Три генерации од нив на една маса. Знамето прикачено на тротинетот на детето кое се возикаше лабаво навака, натака. А гостите во кафулињата? Па и тие лабави. Што да не. Ех голема работа грчко знаме. Па цела Македонија е со албански знамиња на тони и илјадници.
Се запрашавме повеќе прашања, но само едно тука ќе наведеме. Можете ли да се сетите на само еден пример во Солун (кој Заев го вика Тесалоники) да сте виделе да се вее Македонско знаме. Ако е така пратете ни фото, со задовоство ќе го објавиме. Во меѓувреме наздравје. И немојте да мислите дека некој друг е виновен за оваа МИЗЕРИЈА ВО КОЈА ШТО ЖИВЕЕМЕ. Ние сме си криви самите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.