Една ТикТок корисничка ја преуредила својата кујна за само 10 евра, а резултатите се неверојатни.
Кујната на многумина им е омилена просторија во домот или станот и прва асоцијација кога ќе помислат на дома.
За жал, со текот на времето станува дотраена или едноставно ви здосадува, па сакате нешто да промените, но често ви се потребни многу пари за реновирање.
Во ваква ситуација се нашла и Бет од Велика Британија, која има профил на ТикТок под името @athomeinnumber30.
Во едно од своите видеа покажала како ја преуредила својата кујна за само 10 евра, односно нешто повеќе од 600 денари. Колку успешно ја завршила работата зборуваат и коментарите од корисниците кои мислеле дека се работи за сосема нова кујна.
Сè што ѝ било потребно е една кофа со боја, со која ги бојадисала елементите и им дала нов сјај. Таа користела боја за брзо сушење на ормарите и мебелот, по цена од само 10 евра за шише од 750 мл.
Како што вели во видеото, претходно добро ги измила елементите и само ги премачкала, без претходно шмирглање. Во видеото од 11 секунди, Бет ја покажала кујната пред и потоа, откривајќи дека на просторот му дала луксузен нов изглед.