За една недела во Струга 30 нови случаи со ковид-19, во Охрид 21 и во Дебар 8

Loading...

Струга е градот со најмногу нови случаи во последните седум дена во охридско-струшкиот регион, покажува неделниот извештај што го објавува Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) Охрид.
Оваа здравствена установа е надлежна за општините Охрид, Струга, Дебар, Вевчани, Дебрца и Центар Жупа, а нејзините податоците за периодот од 29 август до 4 септември говорат дека се регистрирани 59 новозаразени. Од нив 30 се во Струга, 21 во Охрид, а осум во Дебар.
Со новите случаи, моменталната состојба покажува дека во моментов, исто така, најмногу активни има во Струга – 59. Во Охрид 42, а во Дебар 29.
Во последната недела овој регион регистрирал и тројца починати, по еден во трите споменати града.

loading...