Во неделниот извештај на Институтот за јавно здравје стои дека се регистрирани нови седум смртни случаи од компликации од грип во земјава. Починатите се на возраст од 37 до 82 години. Три лица се од Скопје, две од Кичево, и по еден од Ресен и Валандово.
Двајца од сега веќа починатите претходно немале други заболувања, а петмина имале хронични болести. ИЈЗ не излезе со информација каде биле лекувани заболените и во која здравствена установа починале. Од компликации од вирусот за неполни два месеца во државава починаа 22 лица.
Грипот кој годинава циркулира во Македонија е таканаречен свински грип, кој лабораториски е потврден и кај најголемиот дел од починатите.