За Задушница во реоните на гробиштата изменет сообраќаен режим

По повод верскиот празник „Задушница” утре и за време на викендот во периодот од 6 до 16 часот во реоните на гробиштата Бутел, Камник и Ѓорче Петров ќе бидат преземени посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека сообраќајот кон гробиштата Бутел ќе се одвива кружно, односно сите возила ќе се упатуваат по улицата „Александар Урдаревски” по локалниот пат за селото Мирковци до влезот за гробиштата на улицата „Боца Иванова” и потоа ќе се излегува повторно на улицата „Александар Урдаревски”.
По потреба, сообраќајот ќе биде пренасочен и на гробишта Ѓорче Петров по улицата „Црногорска”, а на гробишта „Камник” по улицата „Јужноморавски бригади” и улицата „Роман Каскалиевиќ”.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.