Премиерот Зоран Заев беше на форумот „Европа – Вахау“ во Австрија, па на Фејсбук напиша:
– Европа препозна дека ги делиме истите вредности и уверен сум дека годинава Северна Македонија ќе добие датум за почеток на преговорите.
На форумот „Европа – Вахау“ во Р. Австрија, пренесов дека за Република Северна Македонија нема друга алетрнатива, освен членство во ЕУ. Направивме низа реформи во правосудството, во јавната администрација, како и во безбедносните служби, преку дијалог најдовме решение за спор од 28 години.
Му благодарам на еврокомесарот Хан за неговата континуирана поддршка и за тоа што го препозна нашиот придонес за целиот регион на Западен Балкан.
Освен тоа, премиерот Заев не пропушти да даде уште една од своите комични изјави, па дополни дека Европа треба да остане најсекси девојка во светот!