За многумина е незамисливо, но нејзиниот готвач вели дека ова јадење кралицата Елизабета никогаш не го пробала…

Ова се помалку познати факти за британското кралско семејство – поточно за кралицата Елизабета II.
Никој не би помислил на тоа, но постои едно јадење кое што кралицата Елизабета никогаш не го јаде.
Нејзиниот поранешен личен готвач, Дарен Мекгрејди, изјавил дека таа, ама баш никогаш – не јаде пица.


Во текот на своето работно искуство во Бакингемската палата, како што тврди тој, кралицата никогаш не пробала пица.
Тој пицата почнал да ја подготвува кога почнал да работи во Кенсингтонската палата, каде што ги поминал последните 4 години од своето работно место, во кралското семејство.
Таму тој готвел за принцезата Дајана и тогаш младите принцови – Хари и Вилијам.
Како што вели тој, на Вилијам постојано му подготвувал пица, додека пак неговата друга колешка морала постојано да му подготвува пица со пилешко месо на индиски начин, затоа што принцот бил голем љубител на индиската храна.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.