Според сопственикот, да, бидејќи вели дека е „монументална варијанта“. Наместо вообичаената легура на никел-бакар-месинг, монетата е направена од еден метал, што ја прави „чиста“
Трговец од Долна Саксонија објави оглас кој предизвика бурни реакции на интернет, пишуваат германските медиуми. Станува збор за „многу ретка“ монета од две евра за која сопственикот бара 99.000 евра.
Се работи за монета на германскиот град Бремен. На монетата е прикажана зградата на општината во Бремен и статуата на Роланд Бремен, симболи на најмалиот германски град-држава и дел од светското културно наследство на УНЕСКО, пренесува магазинот Феникс.
Специјалната монета се појавила во 2010 година во 30 милиони примероци, пишува порталот „muenzen.eu“. Сајтот ја проценува и вредноста на монетата на само три евра.
Според проценките на експертите, дури и највредната позната монета од две евра „Грејс Кели“ вреди нешто повеќе од 3.000 евра. Дали навистина може да се оправда цената на паричката од Бремен?
Според сопственикот, да, бидејќи вели дека е „монументална варијанта“. Наместо вообичаената легура на никел-бакар-месинг, монетата е направена од еден метал, што ја прави „чиста“.
Останатите понуди на класифицирани огласи се најмногу до 450 евра или по договор. Дури и во официјалните продажни места, како што е компанијата за трговија со монети MDM, можете да добиете комеморативна монета за 12,99 евра.
Сепак, според сопственикот, неговата монета од 2 евра е единствена.
-До сега не е пронајдена друга копија, со што се опишува уникатната понуда на платформата, напиша тој во огласот.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.