Топло време ќе имаме за Нова Година, температура до 16 степени

За време на новогодишната ноќ нѐ очекува топло време, особено на повисоките места. Минималната температура во сабота ќе биде во интервал од -4 до 4, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Оттаму посочуваат дека нѐ очекува период на стабилното време со релативно високи дневни температури, освен по одделни котлини, вклучувајќи ја и Скопската, каде ќе има појава на магла или ниска облачност и пониски дневни температури.

Во недела, на првиот ден од новата 2023 година, минималната температура ќе се движи во интервал од -4 до 4, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.

На почетокот на следната седмица, како што велат од УХМР, времето ќе биде особено топло на повисоките места.

На 2 јануари (понеделник) минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.