Во текот на престојните празнични денови службите на Здравствен дом на Скопје ќе обезбедуваат 24-часовна здравствена заштита преку дежурните ноќни пунктови во Поликлиниката Идадија,Ченто, Чаир, Ѓорче Петров, Бит пазар, Јане Сандански, Шуто Оризари , Драчево и Букурешт.
Саботното дежурство на 27 април на сите специјалистички служби ќе се реализира во поликлиниката Букурешт од 8 до 16 часот и 24 часовна покриеност од Службата за Итна медицинска помош со домашно лекување, посочуваат од Здравствен дом на Скопје.
– Им препорачуваме на граѓаните поради изминатиот период на постење да внимааат со внесување на храна од животинско потекло и консумација на алкохол поради здравствени и безбедносни причини, стои во соопштението на ЈЗУ Здравствен дом на Скопје-Скопје.