За Северна Македонија ЕК ќе предложи подготвителната фаза на преговори

Кон крајот на мај Европската комисија ќе го претстави годишниот извештај за напредокот на земјите во процесот на проширувањето. Еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан изјави дека Комисијата за Северна Македонија и Албанија ќе предложи влегување во подготвителната фаза на преговорите. Хан ги повика земјите-членки на ЕУ без страв да го поддржат продолжувањето на процесот на проширување, кој според него, всушност преставува “заокружување на Унијата”.
-Убеден сум дека процесите на институционална реформа на ЕУ и проширувањето можат да се одвиваат паралелно, бидејќи и двата процеса бараат години за да се реализираат. Губење на време е ако се чека прво на институционалната реформа на ЕУ, бидејќи и онака не се работи за проширување, туку за заокружување на Унијата, изјави Хан.
Во Комитетот за надворешна политика на Европскиот парламент, за време на дебатата за “Иднината на политиката на ЕУ за проширување” Хан кажа дека ЕУ нема да ги прими земјите со отворени билатерални прашања. Тој, исто така, истакна дека во основата и во фокусот на политиката на проширувањето на ЕУ е напредокот во економијата и владеењето на правото, потсетувајќи дека преговорите со најмладиот член на ЕУ- Хрватска траеле осум години, a се очекува преговорите со идните земји-членки да траат подолго.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.