Ова вкусно овошје има толку многу здравствени и естетски придобивки што тешко е да се набројат сите
Грозјето содржи витамини А, Б, Ц и Е, потоа минерали како натриум, фосфор, калциум, калиум, железо, магнезиум и флуор, но и јаболкова, винска и лимонова киселина.
Освен тоа, грозјето, а особено неговите семки, се богати и со полифеноли, антиоксиданси, кои се совршени борци против слободните радикали кои ги уништуваат клетките на нашата кожа и се најодговорни за нејзино стареење.
Ја штити кожата
Полифенолите, поради кои грозјето се применува во светот на козметиката, дејствуваат како своевиден штит, кој ја чува кожата од штетните влијанија од околината и значително го забавуваат природниот процес на стареење.
Полифенолите во комбинација со преостанатите состојки им годат на сите типови кожа. Влијаат врз циркулацијата, ја чуваат нејзината природна еластичност и влажност на кожата, па така ја прават нежна и свежа. Успешно ги забавуваат и бришат сите знаци на стареење на младата кожа, значително го забавуваат стареењето и видливо ја зацврстуваат, затегнуваат и освежуваат зрелата кожа. Состојките од грозјето ѝ годат на кожата што не е чиста, бидејќи дејствуваат дезинфекциски и успешно ги чистат и стеснуваат порите.
Негува и однатре
Освен однадвор, препаратите на база на состојките добиени од грозјето влијаат врз убавината на кожата, но и врз здравјето на целиот организам, ако јадете грозје или испиете свежо исцеден сок. Состојките од грозјето позитивно влијаат врз варењето, срцето, крвотокот и нервниот систем, но и ги покренуваат одбранбените механизми на целиот организам.
Благодарение на фактот што 100 г грозје содржат само околу 0,3 г маснотии и 73 калории, тоа е совршено и за постигнување уште еден аспект на убавината – идеална тежина.
Тоник
За зацврстување и освежување на кожата, без оглед на годините, пригответе тоник за лице од две дланки зрна грозје, на кои претходно сте им ја извадиле лушпата, а потоа сте ги изблендирале во мултипрактик. Натопете го лицето со тоникот, а по 10 минути измијте го со млака вода.
Пилинг
За лицето повторно да ви заблеска, пригответе пилинг со кој успешно ќе ги отстраните мртвите клетки, без оглед на вашиот тип кожа. Измешајте 5-7 згмечени зрна грозје со една супена лажица пченични никулци и малку сок од грозје.
Со кружни движења нанесете го пилингот на лицето и потоа добро измијте го со млака вода. Ако имате нечиста кожа, згмечете дланка зрна и измешајте ги со една супена лажица зобни снегулки. Нанесете ја смесата на лицето, држете ја така 15 минути, а потоа измијте ја со млака вода.