За 5 минути продадени 65 илјади влезници за лондонскиот концерт на Стонси

Вкупно 65 илјади билети за концертот на легендарните Rolling Stones кој на 6-ти јуни ќе се одржи во Лондон се продадени за само пет минути од почетокот на продажбата, соопштија организаторите на настанот во лондонски Хајд парк.„Продадовме 65 илјади влезници вендаш штом системот ја допушти продажбата. Доколку системот имаше поголема брзина на продажбата, можеби се би продале за само неколку секунди“, изјави Роб Холет од компанијата „AEG Live“, одговорна за промоцијата на концерот. Билетите се продадени по цена од 95 британски фунти, односно 110 евра.Лондонскиот концерт е во рамките на турнејата „50 and Counting“, а Rolling Stones на Хајд парк ќе одржат концерт по 44 години.Имаме многу спомени поврзани со Хајд парк, така што ниту можевме да сонуваме за подобро место на коешто ќе свириме за нашите обожаватели ова лето“, вели пејачот на „камењата“ Мик Џегер, пренесува AFP.Кит Ричардс изјавил дека се надева оти концертот ќе биде „емотивно силен“ како оној од 1969 година. „Стварно сум возбуден. Беше прекрасно кога дознавме дека повторно ќе настапиме таму“, додал Ричардс.Тој концерт во 1969 година стонсите го отсвиреа само два дена по смртта на нивниот истакнат член и основач Брајан Џонс, кој неколку седмици претходно настапи на концертот на Rolling Stones.Легендарниот британски рок бенд Rolling Stones ги објави во средата деталите од својата најголема турнеја во последните шест години на којашто ќе настапат во Северна Америка и Велика Британија, откако минатата 2012 година се вратија на сцената одбележувајќи ја 50-годишнината од формирањето на групата.Членовите на Rolling Stones изјавија дека ќе ја започнат својата турнеја под наслов „50 and counting” во Лос Анџелес во САД, на засега неутврден датум, а потоа на 5-ти мај ќе свират во Окленд, во сојузната држава Калифорнија, и во осум други градови меѓу кои се Торонто и Лондон, каде на Хајд парк ќе свират на 6-ти јуни.Старите рокери на северноамериканскиот континент покрај во Лос Анџелес ќе настапат во Сан Хозе, Лас Вегас, Торонто, Чикаго, Бостон и Филаделфија во мај и во јуни, а влезниците во продажба ќе бидат пуштени на 8-ми април.Rolling Stones, кои на својата мини-турнеја минатата 2012 година одбележувајќи половина век од постоењето одржаа распродадени концерти во Лондон и Њујорк, најавија претходно дека првпат во својата историја нивниот централен настан годинава ќе се случи на најголемиот британски музички фестивал Гластонбери на 29-ти јули.По повод 50-годишнината бендот објави и колекција од своите најголеми хитови, документарен филм, книга со фотографии и потоа кон крајот на март на своите интернет страници објави и нова концертна активност по долги години апстинирање од светските подиуми.
МакфаксВкупно 65 илјади билети за концертот на легендарните Rolling Stones кој на 6-ти јуни ќе се одржи во Лондон се продаден

Пронајдете не на следниве мрежи: