Згодниот Џан од „Романтичарот“ има македонско потекло

Во турските серии кои досега сме имале множност да ги гледаме на македонските ТВ канали, сме виделе доста згодни и атрактивни актери и актерки кои за разлика од пред неколку години доста се разликуваат кога е изгледот во прашање.
Имено, речиси секој од нив пред камерите првин се појавил како модел, па подоцна влегува и во филмската индустрија.


Но, има и примери кои се исклучок. Па така, 30 годишниот актер Џан Јаман кој глуми го глуми ликот на Џан во турската серија „Романтичарот“, односно го има истото име, примарно е адвокат,потоа глумец, а понекогаш има ангажмани и како модел.


Важи за еден од најсекси мажи во Турција кој се уште е слободен, а тоа дополнително ги мотивира девојките да го освојат неговото срце. За медиумите вели дека како и секој нормален човек има свои потреби и има некој во животот, но за тоа не сака да открива јавно.
Интересно е тоа што има македонско потекло, односно неговата баба по мајка е Македонка.
Роден е во Истанбул, но долго време живеел во Америка каде студирал, но сега негова константна дестинација е само Турција.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.