Словенечката полиција објави дека минатиот месец регистрирале зголемување на бројот обидите за илегален влез со земјата.
Според овие податоци во мај граничната полиција и армијата откриле 3.283 мигранти, што претставува зголемување во однос на еден месец претходно.
Најголем дел од мигрантите се од Пакистан, Марко и Авганистан, а 1.198 од нив изразиле намера да аплицираат за меѓународна поддршка и заштита. На почетокот на годината, односно во јануари бројот на илегални поминување беше уште поголем, но со почетокот на пандемијата на коронавирусот и затворањето на границите значително се намали и притисокот на мигрантите.
Ставањето на вирусот под контрола и повторното отворање на границите, според полициските експерти е причината за повторното зголемување на бројот на мигрантите.