Цела Србија беше во жалост со денови поради двата страшни масакри во кои загинаа 17 невини млади луѓе. По тој повод, целата естрада ги откажа настапите низ регионот и светот, но тоа не беше случај со Здравко Чолиќ.
Имено, пејачот во Норвешка одлучил својот концерт да го одржи во градот Осло и покрај страшните настани кои го зафатија целиот Балкан.
Пејачот без проблем имаше настап пред полн клуб, а откако се дозна дека тој нема да го откаже закажаниот настан, тој е бомбардиран со негативни коментари на социјалните мрежи и Србите жестоко ја осудуваат неговата скандалозна одлука.
Пронајдете не на следниве мрежи: