Американската Агенција за храна и лекови и американскиот Центар за контрола и превенција на заразни болести детектираа ран сигнал за врска меѓу вакцината на Фајзер и мозочен удар кај лица постари од 65 години. Според податоците кои ги имаат, најризичниот период трае 21 ден по примање на вакцината против ковид.
Системот за мониторирање на безбедноста означи дека вакцината против ковид на американскиот производител на лекови Фајзер и германскиот партнер Бионтек можеби е поврзана со еден вид мозочен удар кај постарите лица, на што укажуваат прелиминарните податоци анализирани од американските здравствени власти.
Центарот и Агенцијата соопштија дека во базата на податоци за вакцини откриен е можен безбедносен проблем во кој луѓето на возраст од 65 години и постари имаат поголема веројатност да настрадаат од исхемичен мозочен удар. Веројатноста е поголема во рок од 21 ден по добивање на вакцината отколку од 22-от до 44-от ден.
Исхемичен мозочен удар, познат и како мозочна исхемија, е предизвикан од блокирање на артериите кои носат крв до мозокот. ФДА и ЦДЦ рекоа дека други големи студии и бази на податоци уште го немаат регистрирано ова безбедносно прашање.
„Иако е мала веројатноста ова да претставува вистински клинички ризик, веруваме дека е важно да се сподели оваа информација со јавноста“, велат здравствените власти на САД.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.