Здрав и брз ручек: Вегански тортилја сендвич

Тортилјите се многу популарни веќе неколку години, а што велите за веганска тортилја? Овој рецепт изгледа фантастично.
Здрав и брз ручек: Вегански тортилја сендвич
Потребни состојки:
1 тортилја
2 лажици хумус
грст свеж спанаќ
1 среден морков
2 лажици индиски ореви
1 домат
Начин на подготовка:
Излупете го морковот, а потоа изрендајте го.
Исечкајте ги индиските ореви на големи парчиња.
Намачкајте го хумусот на тортилјата, а потоа ставете го спанаќот на средина.
Одозгора ставете ги рендатиот морков, сечканиот домат и индиските ореви.
Завиткајте ја тортилјата и потпечете ја во тава.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.