Претседателот на партијата Демократско движење и пратеник во Собранието, Изет Меџити изјави дека носењето на уставните измени поврзани со Преговарачката рамка на Македонија со ЕУ ќе биде услов за евентуална коалиција по парламентарните избори со ВМРО-ДПМНЕ или со СДСМ.
- Жител на Дебар украл мотор од двор на куќа во струшко, па го оставил во нива
- Мендух Тачи излегува од Европскиот фронт, ќе комуницира само со Ахмети
- Филипче: РЕК Битола не работи, граѓаните плаќаат огромни сметки за струја
- Да помогнеме, потребни се 90.000 ЕВРА за лекување на Бојана во странство!
- Борел во одбрана на Гутереш: Изpаел ја помина границата
- Филипче бара свикување седница за како понатаму по европскиот пат
- (Видео) ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА НА ВЛЕЗОТ НА КУМАНОВО! Возило удри во мотор со двајца малолетници
- Филипче: Нема никакво вработување на 600 лекари, има одлука на Влада за забрана
- (Фото) Албанската опозиција запали кукли со ликот на Еди Рама
Меџити, во интервју во емисијата „360 степени“ на МРТ 1, вели дека за Албанците, но и за сите други граѓани на Македонија, приоритет над приоритетите е европската интеграција, и затоа нивниот став е јасен – носење на уставните измени со кои би се отворил патот на земјата кон Европската Унија.
Демократско движење, според него, нема по секоја цена да прифати да биде дел од некоја власт која нема да има приоритет „да ја започне работата со европските интеграции“.
Ние немаме друг избор, друга алтернатива немаме. Ние себеси не се гледаме како дел од власт која нема да има евроатланска ориентација. Ова сме го докажале пред две години, со придонесот на Кастриот Реџепи, а и мој со тоа што успеавме да ја задржиме Македонија на евроатлантскиот пат, рече Меџити.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.