Здружение на инженери: Истечен е рокот за потпишување договор за Чебрен

Инженерите на Република Македонија се со став дека е истечен рокот за склучување на договор за заедничко вложување и основање на Друштво за посебна намена помеѓу понудувачот PUBLIC POWER CORPORATION S.A. – Greece & ARCHIRODON GROUP N.V. Greece и Акционерското друштво за производство на електрична енергија Електрани на Северна Македонија, во државна сопственост, Скопје.

Граѓаните им должат на банките речиси четири милијарди евра
Вкупниот долг на македонските граѓани кон банките изнесува 3,9 милијарди евра, покажува последниот извештај на Народна Банка. Според НБРСМ, долгот на населението кон банките во август бил за 0,4 проценти повисок во однос …
Вандали фрлиле ѓубре и уништиле дел од опремата во Градски Парк
Непознати вандали викендов обиле пункт во кој јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ чува дел од опремата за уредување на зелените површини, при што превртеле и уништиле дел од механизацијата, соопшти јавното претпријатие. Од …

Ваквиот став го темелиме врз основ на роковите определени со точката 5 на ОДЛУКАТА НА ВЛАДАТА ЗА ИЗБОР НА НАЈПОВОЛНА ПОНУДА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА КОНЦЕСИЈА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ВОДА ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ОД ХИДРОЕЛЕКТРИЧНИ ЦЕНТРАЛИ НА ЦРНА РЕКА (Службен В. на Р.М. бр: 192/2023 од 14.09.2023). Оваа одлука е влезена на сила на 15 септември 2023 година, а согласно точката 5 од истата, најповолниот понудувач ППЦ-Архиродон беше должен во рок од три месеци од денот на влегувањето во сила на оваа одлука (15 декември 2023 година), да склучи договор за заедничко вложување и да основа Друштво за посебна намена со Акционерското друштво за производство на електрична енергија Електрани на Северна Македонија, во државна сопственост, Скопје. Со оглед дека рокот предвиден со оваа Одлука е истечен, сметаме дека било каков Договор веќе не може да се потпишува, се вели во соопштнеието од Здружението.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.